Заврши сезоната за Камавинга, го пропушта и Светското клупско првенство!

Беше најавено дека Едуардо Камавинга ќе го пропушти престојното финале од Купот на Шпанија против Барселона, но сега доаѓа информација дека ситуацијата е уште посериозна и подолго време ќе биде во аут.

Едуардо Камавинга се повреди во текот на вчерашниот меч против Хетафе поради што беше изваден од игра.

Тој ќе биде во аут до крајот на сезоната, заработил кинење на тетивата.

Се очекува да биде надвор од теренот меѓу два и три месеци, веројатно ќе го пропушти и Светското клупско првенство.