Инзаги врескаше по четвртиот судија и бараше да нема продолжение! (ВИДЕО)

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги изгледаше фрустирано при крајот на мечот меѓу Интер и Милан кој неговиот тим го доби со 3-0.

Милан имаше убедлива предност, Инзаги беше нервозен и јасно му беше дека натпреварот е решен. Тој му се нафрли на четвртиот судија и му велеше дека не сака судиско продолжение.

Неговата желба беше испочитувана, па судијата свирна крај неколку секунди откако поминаа 90. минути.

По натпреварот Инзаги мирно го прифати поразот.

„Жал ми е за нашите фанови кои уште еднаш се појавија во голема бројка. Тоа е фудбалот, честитки за Милан“, вели Инзаги.

„Жалам за првото полувреме, креиравме многу, но не рализиравме“.

„Во вториот дел примивме од корнер, среќата не беше на наша страна, потоа дадовме многу помалку споредено со првото полувреме“.

„Се разбира дека сум загрижен, не сме навикнати да губиме две по ред. Треба да ги анализираме овие два порази. Не заслуживме пораз во Болоња, а вечерва немавме енергија во второто полувреме“.