Скандал во Аргентина: Телевизија објави како претседател на клуб зема мито (ВИДЕО)

Претседателот на Сан Лоренцо, Марсело Морети се наоѓа под жестоки критики на јавноста во Јужна Америка.

Морети беше снимен како зема мито од 20.000 долари за да регистрира млад фудбалер во екипата.

Сан Лоренцо го постави Морети на кормилото на крајот на 2023 година, а тој вети дека ќе го стабилизира тимот и ќе работи на младинските академии.