
Реал го отпишал Модриќ и тргнува по освојувачот на Златната топка
Угледниот германски весник Билд пишува дека изборот паднал на фудбалерот на Манчестер Сити и актуелен освојувач на Златната топка, Родри кој ја пропушти речиси цела сезона поради повреда. Родри е Шпанец и исклучително популарен во својата земја поради успесите со репрезентацијата, но најважно од се е тоа што се работи за исклучително креативен играч кој може да ги замени и Модриќ и пензионираниот Крос.
Сепак, во приказната се прашува и Манчестер Сити имајќи предвид дека Родри има договор со клубот до јули 2027 година, а Пеп Гвардиола не е баш расположен да се откаже од него.