Ждрепка за Мастерсот во Мадрид: Ѓоковиќ на Алкараз во полуфиналето

Денеска беше одржана ждрепката за Мастерсот во Мадрид кој почнува неделава, а ќе трае до 4 мај.

Тоа е последен турнир на кој поради суспензијата нема да настапи првиот светски рекет Јаник Синер бидејќи неговото враќање се очекува во Рим. Релативно добра ждрепка доби Новак Ѓоковиќ кој има поволен пат до полуфиналето.

 

 

Почнува против Арналди или квалигикант, во третото коло потенцијални ривали се Баез, Џумхур и Белучи, потоа Тиафо или Имбер, а во четвртфиналето би можел да се сретне со Џек Дрејпер кој триумфираше во Индијан Велс, но на таа страна се уште Пол, Хачанов, Беретини, Опелка и Грикспор.

Ако нема изненадувања, во полуфиналето претстои нова класика меѓу Алкараз и Ѓоковиќ кои последен пат се сретнаа на Австралија Опен и тогаш триумфираше Србинот. На другата страна од ждрепката најголеми ѕвезди се Александер Зверев и Тејлор Фриц.