
НБА ги објави кандидатите за МВП – Јокиќ во битка со Грк и Канаѓанец!
Оваа номинација не донесе поголеми изненадувања. Јокиќ ја заврши регуларната сезона со просек на трипл-дабл, Гилџис-Александер беше најдобар стрелец во лигата како лидер на Оклахома Сити Тандер, додека Адетокумбо беше веднаш зад него по индивидуален учинок. Србинот е номиниран и во категоријата за најдобар во клучните моменти од средбите, заедно со Ентони Едвардс од Минесота и Џејлен Брансон од Њујорк.
Најголемото изненадување го предизвика отсуството на тренерот на Оклахома, Марк Дењолт, кој со својот тим забележа дури 68 победи и го имаше најдобриот биланс во регуларниот дел од сезоната. Наместо него, за тренер на годината се номинирани Кени Аткинсон (Кливленд), Џеј Би Бикерстаф (Детроит) и Име Удока (Хјустон). Во конкуренција за „Дебитант на годината“ се Закај Рисашер од Атланта, Џејлен Велс од Мемфис и Стефон Кестл од Сан Антонио. НБА објави и финалисти за наградата за најдобар шести играч - Пејтон Причард (Бостон), Малик Бизли (Детроит) и Тај Џером (Кливленд).
За најдобар дефанзивец, пак, номинирани се Дрејмонд Грин (Голден Стејт), Дејсон Даниелс (Атланта) и Еван Мобли (Кливленд). Даниелс се најде и во конкуренција за играч кој најмногу напредувал оваа сезона, заедно со Ивица Зубац (ЛА Клиперс) и Кејд Канингем (Детроит).
ФОТО: X / Denver Nuggets