
Воска го напушти теренот против Вардар! (ВИДЕО)
Воска имаше предност од првото полувреме со голот на Осеи, а Вардар до израмнување стигна во 74-тата, гол по кој домаќините протестираа сметајќи дека топката не ја минала гол-линијата. Реагираа домашните фудбалери, натпреварот продолжи, но беше прекинат само неколку минути подоцна. Сепак, на снимката покажува дека протестите на домашните фудбалери и не се оправдани затоа што топката, сепак беше зад линијата.
Засега не е познато каква ќе биде одлуката и дали натпреварот ќе биде завршен денеска.