
Денот „Д“: Анчелоти денеска за последен пат ќе го води Реал Мадрид од клупата!?
Станува збор за меч од 32. коло на Ла Лига на „Сантијаго Бернабеу“, а притисокот е огромен – Реал мора да слави за да остане во трката за титулата. Вчерашната победа на Барселона против Селта ги однесе Каталонците на плус седум на табелата, што значи дека секој нов кикс за Мадриѓаните може да биде кобен. Според шпанскиот портал „Релево“, во случај на неуспех, Анчелоти дефинитивно би можел да добие отказ. Неговата позиција е сериозно разнишана по дебаклот против Арсенал во Лондон и раното испаѓање од Лигата на шампионите.
Иако ова лето во тимот пристигна ѕвездата Килијан Мбапе, очекувањата за веднаш постигнати успеси не се исполнети. Реал засега е без голем трофеј, а единствената реална шанса останува Купот на Кралот, каде тимот ќе се соочи со Барселона во финалето.
ФОТО: X / Carlo Ancelotti