
Дончиќ не можеше да поверува што го прашуваат: Не знам што да ти одговорам на тоа!
„Волците“ доминираа особено во втората и третата четвртина, кога постигнаа голем број тројки и наметнаа силен ритам, на што „езерџиите“ не успеаја да одговорат.
„Последната четвртина беше добра – одигравме сконцентрирано, со многу контакт и енергија во одбраната. Но, тие погодија премногу тројки претходно, добиваа шутеви што ги сакаа. Тоа мора да го спречиме“, изјави Дончиќ по натпреварот.
Словенецот на прес-конференцијата доби прашање кое го изненади – како ја балансира играта меѓу личната ефикасност и вклучување на соиграчите, имајќи предвид дека мечот го заврши со само една асистенција.
„Не знам како да одговорам... Претпоставувам дека треба повеќе да додавам. Се обидував да го контролирам ритамот на игра, но очигледно – една асистенција не е доволна“, дополни Словенецот.
Тренерот на Лејкерс, Џеј-Џеј Редик, истакна дека неговиот тим ментално бил подготвен, но физички не успеал да одговори на интензитетот на Минесота.
„Не можам да кажам дека не бевме подготвени за плејоф кошарка. Ментално бевме тука, духот ни беше добар. Но, кога тие почнаа агресивно и со многу контакт, не одговоривме како што треба. Од почетокот на втората четвртина до средината на третата, изгубивме со 34 поени разлика. Не уништија“, изјави Редик.
Вториот меч од серијата од првото плејоф-коло на Западот помеѓу овие два тима е закажан за 23 април (среда).