Валенсија ја продолжи добрата серија - седми натпревар без пораз! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Валенсија ја продолжија низата без пораз која траеа од 2 март и поразот од Атлетико Мадрид, па со денешното реми против Рајо Ваљекано (1-1) го одиграа седмиот натпревар без пораз (четири победи, три нерешени)

Рајо Ваљекано и Валенсија денеска одиграаеден изедначен натпревар во кој ремито веројатно беше и најреалниот исход.

Први до водство стигнаа домаќините автоголот на Тарега во самата завршница од првото полувреме, па Рајо на пауза замина со предност.

Рајо во вториот дел беше за нијанса можеби подобар противник, но сепак Валенсија благодарение на Умар Садик кој погоди на 15-тина минути до крајот дојде до бод.

Валенсија со добрата серија во последните седум натпревари со Карлос Корберан на клупата од опасната сзона дојде до 14-тата позиција каде што има 38 бода, Рајо од друга страна има 41 на деветата позиција и води борба со Мајорка и Селта (43) за позициите кои водат во Европа наредната сезона.

Македонскиот голман Столе Димитриевски и во овој натпревар остана на клупата на Валенсија како резерва на стандардниот Мамардашвили.