
Скандал на Островот: Легенда на Јунајтед претепал полицаец!
Бат го прославувал 50-тиот роденден, а како што наведува британскиот весник, поранешниот англиски репрезентативец му нанел повреда на полицискиот службеник така што му го скршил носот при физичкиот конфликт.
Инцидентот се случил на забава која се одржала во Сохо Фармхаус, а присуствувале и останати легенди како: Дејвид Бекам, Пол Сколс, Гери Невил...
Во еден момент вработените во барот одбиле да го послужат Бат со пијалок што довело до поткревање на тензијата, а потоа Бат излегол надвор и уринирал на ѕидот пред локалот. Тогаш полицаецот кој го обезбедувал локалот реагирал што го налутило Бат кој бурно реагирал и тргнал физички да се пресмета.
На крајот полицаецот завршил во болница поради повреди на лицето и скршен нос.
„Имаше многу крв, луѓето беа шокирани кога лицето од обезбедувањето дојде со повреда“, изјавил еден од очевидците на настанот.