Арон Ремзи стана тренер, ќе го спасува Кардиф од испаѓање!

Ѕвездата на велшкиот фудбал, Арон Ремзи ќе биде тренер на Кардиф до крајот на сезоната.

На три кола до крајот во Чемпионшип, Кардиф води голема битка за опстанок. Во моментов се на претпоследната позиција, но со само еден бод помалку од 21. место кое е спасоносно.

Клубот се одлучи за тренерска промена, му даде отказ на тренерот Омер Риза и го назначи Арон Ремзи за привремен тренер. Тој ќе го води тимот во последните три меча од кои ќе зависи дали ќе опстанат или ќе испаднат.

Ремзи уште е фудбалер на Кардиф, а своите најславни денови ги имаше во Арсенал и Јувентус.

Тој поради повреда не беше во комбинација за настап на мечот меѓу Велс и Македонија.