
Анчелоти: Сега имам уште поголема поддршка од Перез!
По елиминацијата од Арсенал, се пишуваа разни приказни за Карло Анчелоти. Дел од нив беа за тоа кога Италијанецот ќе биде избркан.
Една од најгласните беше дека Анчелоти нема ни да ја доврши сезоната, туку ќе замине по крајот на финалето од Купот на Шпанија.
Но, Анчелоти вели дека тој има голема поддршка од Перез.
„Флорентино Перез покажува уште поголема поддршка кон мене отколку кога работите одеа добро“, вели Анчелоти.
„За иднината ќе зборуваме по крајот на сезоната, не сега“.
„Бразил? Не сакам да дискутирам за мојата иднина сега. Целиот фокус е на двата трофеја кои останаа“.