Алаба е еден од фудбалерите на списокот за „отстрел“ од Реал Мадрид

Шпанскиот медиум „Марка“ објави дека Давид Алаба најверојатно ова лето ќе го напушти Реал Мадрид затоа што раководството на гигантот е подготвено да прави реконструкција на екипата.

Алаба е еден од фудбалерите кои ќе го напуштат шпанскиот гигант, а исто така се споменува дека од клубот би можел да замине и Лука Модриќ, иако засега не е позната иднината на Хрватот.

Австрискиот репрезентативец пристигна во Мадрид во 2021 година, откако претходно играше за Баерн Минхен.