
Хаос во Лондон: Мареска ги нападна главните ѕвезди на Челси
Лондонскиот гигант има сериозни проблеми во нападот, а тоа го покажуваат и податоците. Николас Џексон нема постигнато гол во последните 12 меча, додека Кол Палмер нема погодено на 15 натпревари.
„Ова не е добро. Имаме шанси кои треба да бидат лесни голови, но ги промашуваме. Се надевам дека Нико и Кол наскоро ќе почнат да даваат голови. Ни требаат повеќе од било кога“, кажа тренерот Енцо Мареска.