Несторовски погоди против Локомотива за триумф на Славен Белупо (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Илија Несторовски стрелаше против Локомотива во победата од 2-0 на Славен Белупо во 30. коло од хрватскиот шампионат.

Локомотива беше подобар противник на теренот во првото полувреме, но не ги реализираше своите шанси, па затоа стигна казната во вториот дел каде што најпрво Гргиќ погоди за 1-0 во 52. минута, а потоа Несторовски во финишот од средбата зголеми на 2-0.

Несторовски оваа сезона има солидни настапи за хрватската екипа бидејќи постигна шест голови и две асистенции.

Славен Белупо е на четвртата позиција со 44 бодови, односно осум помалку од третопласираниот Динамо Загреб по 30 одиграни кола.