Алкараз го декласира Де Минор за полуфинале во Барселона

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз продолжува со одличните игри на тениските терени, откако денеска со 2-0 во сетови, односно 7-5 и 6-3 го совлада Алекс Де Минор и обезбеди полуфинале во Барселона.

Де Минор направи брејк во третиот гем од првиот сет за предност од 1-0, меѓутоа Алкараз набрзо го возврати ударот и израмни на 3-3, по што следеше голема борба во финишот на сетот за на крајот Шпанецот да слави со 7-5.

Вториот тенисер во светот играше уште подобро во вториот сет, каде што направи брејк во шестиот гем (4-2), а потоа со одличен сервис го „нокаутира“ Де Минор со 6-3.

Алкараз за финале во Барселона ќе се бори против победникот од мечот меѓу Циципас и Филс.