
Ван Дајк одбил три европски гиганти за да остане во Ливерпул
Англиските медиуми откриваат дека Ван Дајк имал примамливи понуди од три европски гиганти за да го напушти Ливерпул на крајот на сезоната, меѓутоа решил да ги одбие сите.
Ван Дајк најпрво бил контактиран од Барселона, а потоа следеле повици од Баерн Минхен и Челси, меѓутоа дефанзивецот решил дека најдобар тим за него е Ливерпул.
Ливерпул во моментов е на добар пат да ја освои титулата во Премиерлигата бидејќи на шест кола пред крајот има 13 бодови повеќе од второпласираниот Арсенал.