Јунајтед се откажа од Премиер лигата, фокусот ќе биде ставен на Лига Европа!

По вчерашната спектакуларна победа над Лион од 5-4, тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим потврди дека мислите комплетно ги насочуваат кон Лига Европа.

Во Премиер лигата Манчестер јунајтед ниту може да избори место во Европа, ниту да испадне, па работата таму е завршена.

Во Лига Европа имаат уште една пречка до поласман во финалето, а ако го освојат натпреварувањето ќе се пласираа и во Лигата на шампионите.

„Треба да преземеме ризик со деца во Премиер лигата, треба да се фокусираме на Лига Европа“, изјави Аморим по вчерашната победа.

„Знаеме дека оваа сезона не игравме на потребното ниво и ги заслуживме сите критики. Но имаме уште време да направиме нешто посебно“.