Апсолутно заслужено: Шортс во најдобрата петорка во Евролигата!

Maкедонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс има одлична сезона во екипата на Париз и сосема заслужено доби место во идеалниот тим на Евролигата за регуларниот дел од сезоната.

Шортс се најде во идеалната петорка, а со него друштво му прават уште: Саша Везенков, Најџел Хајс-Дејвис, Кендрик Нун и Карсен Едвардс.

Последниот одличен настап Шортс го одигра против Реал Мадрид против три дена кога беше МВП на теренот со 23 поени и девет поени во триумфот на неговиот тим со кој обезбеди четвртфинале против турскиот гигант Фенербахче.