Голден Стејт конечно ја мина плејин бариерата и оди на мегдан со Хјустон (ВИДЕО)

Дури во третото учество во плејинот, екипата на Голден Стејт Вориорс ја оствари првата победа која овојпат значи пласман во разигрувањето за титулата како седмопласирана екипа на Западот.

На домашен терен, тимот од Сан Франциско го победи Мемфис со 121-116, па во првата рунда од плејофот ќе се сретне со Хјустон. Иако во доигрувањето влегува како седмопласиран, Голден Стејт во последно време игра во одлична форма и сигурно нема да биде аутсајдер против кого и да игра.

Ноќеска одлични беа ветераните Џими Батлер и Стеф Кари кои заедно постигнаа 75 поени. Малку подобар беше Батлер кој заврши со 38 поени, 7 скока и 6 асистенции, додека Кари постигна поен помалку, но додаде 8 скока и 4 асистенции.

Пласман во плејофот обезбеди и Орландо Меџик кој ја победи Атланта со 120-95 и во првата рунда ќе игра со шампионот Бостон. Хоукс имаат поправен, на домашен терен против подобриот од дуелот меѓу Чикаго и Мајами.

фото: EPA PHOTO