Нови детали за скандалот: Роналдо нема да игра додека е Жесус селектор?
Сантос откри нови детали за конфликтот меѓу првата ѕвезда на тимот и искусниот стратег.
Судирот ескалираше откако Роналдо целиот натпревар против Норвешка, одигран на 27 септември, го проследил од клупата за резервни играчи.
Тоа беше првпат во последните 18 години Португалецот да не добие ниту една минута на теренот во натпревар за репрезентацијата. По натпреварот, тој пропушти три тренинзи и го напушти репрезентативниот камп пред преостанатите два натпревари во тој циклус.
„Роналдо нема да се враќа во националниот тим сè додека Жорге Жесус е селектор. Исклучително е незадоволен од начинот на кој бил воден целиот процес, а особено го налутиле изјавите на Жесус“, истакна Сантос.
По заминувањето од кампот, Роналдо објави соопштение на Инстаграм во кое јасно стави до знаење дека е незадоволен од ситуацијата.
„По прес-конференцијата на селекторот на репрезентацијата и по разговорот со претседателот на Португалската фудбалска федерација, одлучив да го напуштам репрезентативниот камп. Кога ќе дојде време за тоа, на сите Португалци ќе им ја кажам вистината за причините кои доведоа до моето заминување од репрезентацијата, на која секогаш сум бил целосно посветен. Сега е време да им посакам среќа на Португалија и на сите мои соиграчи“, наведе Роналдо.