
Дончиќ ја прекина 12-годишната доминација на Леброн и Кари
Оваа сезона тој ја подели во Далас и Лејкерс, но покажа дека неговата популарност се повеќе се зголемува. Лигата соопшти дека тој е прв Словенец со најмногу продадени дресови во една сезона, а притоа прекина една голема доминација во НБА.
Од 2012/13, на врвот постојано беа Леброн Џејмс и Стеф Кари, а последниот пред нив кој заврши на првото место беше Кармело Ентони, во тоа време играч на Њујорк Никс.
Кари сега е на второто место, зад него е Леброн Џејмс, а понатаму следуваат Џејсон Тејтум, Џејлен Брансон, Виктор Вембанјама, Ентони Едвардс итн.