Никој не може да го замени: Јунајтед без Фергусон има повеќе порази отколку со него во 27 години

Maнчестер јунајтед вчера повторно ги разочара своите навивачи и претрпе пораз од Њукасл во Премиер лигата со 4-1.

„Црвените ѓаволи“ беа понижени откако одиграа уште еден лош натпревар. Бројките кои ги објавија медиумите на Островот покажуваат и колку овој Манчестер јунајтед е далеку од времето кога Сер Алекс Фергусон беше на клупата.

Вчерашниот пораз за Манчестер јунајтед беше 14-ти во сезоната и сега се на 14-тото место на табелата. Последен пат волку порази во една сезона имаа во сезоната 1989/1990 кога по 38 кола забележаа 16 неуспеси.

Oвој пораз значи и дека Манчестер јунајтед има повеќе порази во ерата по Фергусон од 2013 година до денес отколку со легендарниот Шкот кој 27 години го водеше клубот.

Дејвид Мојс, Луис Ван Гал, Жозе Мурињо, Оле Гунар Солскјер, Ралф Рагник и сега Рубен Аморим вкупно го водеа клубот на 450 натпревари и во нив запишаа 115 порази.

Фергусон во 27 години ги предводеше „црвените ѓаволи“ на 810 натпревари во кои имаше 114 порази.

Следен предизвик за клубот од „Олд Трафорд“ е реванш натпреварот со Лион во четврток во Лигата на Европа. Во првиот натпревар во Франција немаше победник (2-2).