Познат терминот на „српското дерби“ меѓу Јокиќ и Богдановиќ во НБА

НБА-лигата ги објави термините за првите натпревари од дуелите во плејофот и плеј-инот, а еден од најинтересните дуели се очекува да биде тој меѓу Денвер нагетс и Лос Анџелес клиперс.

Тоа ќе биде и „српско дерби“ затоа што ќе се соочат Никола Јокиќ и Богдан Богдановиќ, а првиот меч се игра в сабота од 21.30 часот.

Индијана и Милвоки ќе ги одмерат силите од 19 часот, додека во ноќта меѓу сабота и недела ќе играат и Њујорк и Детроит, како и Лос Анџелес Лејкерс и Минесота од 2.30 часот по полноќ.