Аталанта ја совлада Болоња и ја прекина црната серија!

Фудбалерите на Аталанта, по три порази по ред, конечно триумфираа во Серија А откако денеска со 2-0 ја совладаа Болоња и освоија важни бодови во трката за позициите кои водат во Лигата на шампиони (ЛШ).

Двата голови беа постигнати во воведниот дел од натпреварот, и тоа во третата минута преку Ретегуи, а потоа стрелаше и Пашалиќ за триумф од 2-0 на Аталанта.

Аталанта е на третата позиција во лигата со 61 бод, додека Болоња остана на петтото место со 57 поени.

Фото: EPA PHOTO