Дарио Ивановски го освои 13. место на маратонот во Белгија

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски го освои 13. место на маратонот во Белгија, откако истрча време од два часа, 14 минути и две секунди.

Ивановски беше на 13 место од 42 натпреварувачи, додека триумфот му припадна на Илијас Ауани од Италија, кој заврши со време од 2:09.05, по што следеа Гашау Ајале и Мару Тефери.