Алкараз со пресврт го реши Музети и го освои првиот пехар во Монте Карло

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз со неверојатен пресврт против Лоренцо Музети (3-6, 6-1 и 6-0) го освои првиот пехар на мастерсот во Монте Карло.

Музети го загуби првиот гем на свој сервис, но потоа возврати со два брејка на сервисот на Алкараз (3-1), по што без проблеми го освои првиот сет со 6-3.

Алкараз се разигра во вториот сет, каде што освои пет гема по ред (5-0), а на крајот сетот му припадна со 6-1. Идентично беше и во последниот сет каде што Шпанецот со убедливи 6-0 стигна до пехарот.

Фото: EPA PHOTO