
„Бомба“ од Загреб: Звонимир Бобан доаѓа во Динамо!?
Хрватските медиуми пишуваат дека легендарниот Звонимир Бобан наскоро би можел да му се приклучи на тимот од Загреб.
Засега не е познато каква функција би имал на „Максимир“, но наскоро се очекуваат повеќе детали од хрватскиот гигант.
Бобан во кариерата настапуваше за Динамо од 1985 до 1991 година, а ги носеше и дресовите на Милан, Бари и Селта виго, додека во изминатиот период имаше функција во УЕФА.
Фото: EPA PHOTO