
Ист меч, различен тон: Во Србија „скриени“ навредите кон Вучиќ - тие ечеа во Хрватска (ВИДЕО)
Непосредно пред почетокот на мечот, салата одекнуваше со извици „Пумпај, пумпај“, позната парола од неодамнешните студентски протести во Србија, по што следуваше и традиционалниот израз „Вучиќу, п*деру“, насочен кон претседателот на Србија. Додека овие скандирања беа јасно чуени во преносот на натпреварот преку хрватската телевизија „Спорт клуб“, српскиот пренос преку друга телевизија целосно ја пригуши публиката, оставајќи го гласот на коментаторот да доминира.
Порталот Нова.рс реагираше на оваа медиумска разлика, посочувајќи дека станува збор за уште еден пример на цензура и „медиумски мрак“ во Србија. Тие објавија снимки со споредба помеѓу двете верзии на преносот, каде разликата е повеќе од очигледна. Овој настан се случува во пресрет на големиот собир кој претседателот Вучиќ го најави за викендов пред зградата на српското Собрание, каде се очекува присуство на над 200.000 луѓе.