Индијана во страшен налет, го победи и најдобриот тим на Истокот (ВИДЕО)

Екипата на Индијана Пејсерс ја оствари шестата победа во низа, потврдувајќи со тоа дека се наоѓа во фантастична форма во финишот од сезоната.

Ноќеска, тимот од Индијанаполис беше подобар од најдобрата екипа во Источната конференција, Кливленд Кавалирс кого на домашен терен го совлада со 114-112. Сега е на само една победа од третата позиција на табелата на Истокот на кое се наоѓа Њујорк Никс, со една победа помалку, на два меча пред крајот на основниот дел од сезоната.

Кливленд беше во водство безмалку цело второ полувреме, но во последните минути Индијана направи серија од 10-0 и поведе со 113-107. Гостите се доближија на само еден поен, Џавонте Грин погоди само едно слободно фрлање и пропушти да израмни. Во последниот напад, Халибартон промаши тројка, но Тарнер фати офанзивен скок и нешто подоцна Нејсмит го постави конечниот резултат.

Халибартон беше најдобар играч на мечот со 23 поени, 10 асистенции и 8 скока, додека Џером го предводеше Кливленд со 24 поени.

РЕЗУЛТАТИ
Детроит - Њујорк 115-106
Индијана - Кливленд 114-112
Бруклин - Атланта 109-133
Милвоки - Њу Орлеанс 136-111
Мемфис - Минесота 125-141