
Ливерпул сака да го донесе „најдобриот млад играч по Белингам“
Се работи за 17-годишен фудбалер кој е еден од најголемите таленти во Англија и, како што го нарекуваат, „најдобар млад играч по Џуд Белингам“. Со своите изданија во дресот на Сандерленд, Риг веќе го привлече вниманието на голем број клубови, па Ливерпул ќе има сериозна конкуренција за неговиот потпис, во Евертон, Вест Хем, Кристал Палас и Тотнем.
Иако се уште нема официјална понуда, во Сандерленд не сакаат да слушнат за трансфер за помалку од 30 милиони фунти.