Левандовски: Овој меч мора длабоко да го анализираме и да научиме од него!

Барселона се пласираше во полуфиналето од Лигата на шампионите, но не им беше лесно во Дортмунд каде домаќините до крајот се обидуваа да ја анулираат вкупната негатива.

Борусија Дортмунд го доби мечот со 3-1, но имаше многу шанси да постигне уште голови, два и даде, но тие им беа поништени поради офсајд.

Единствениот погодок кој Барса вчера го постигна беше автогол. Па, каталонците се тресеа до крај, но сепак поминаа.

„Немавме контрола во средниот ред, направивме многу грешки. Губевме посед, имавме грешни додавања, им ја олеснивме работата. Овој меч треба длабоко да се анзлириа, треба да научиме од него. Не можеме да играме вака“, вели Левандовски.

„Овој меч може да биде добра лекција за сите наши млади фудбалери“.

„Лигата на шампиони е Лига на шампиони и секогаш мора да бидете подготвени, не 90%, не 95%, туку 100%“.