
Урнебесна фотографија: Дембеле не сакаше да биде прогласен за играч на натпреварот (ФОТО)
Парижаните во првиот натпревар победија со 3-1, додека вчера беа поразеи со 3-2 и така со вкупни 5-4 се пласираа помеѓу најдобрите четири екипи во најелитното европско натпреварување.
Интересно е што иако ПСЖ беше поразен вчера за играч на натпреварот УЕФА го избра Осман Дембеле кој прво одбиваше да ја преземе оваа награда и истрча во соблекувалната.
Сепак, луѓето од УЕФА успеаа да му ја доделат, но неговото незадоволство можеше да се забележи и на фотографијата.
🚨 Ousmane Dembélé, Man of the Match voted by UEFA for Aston Villa-PSG. pic.twitter.com/HsJs0y3IBb
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) April 15, 2025