Гираси ги симна Левандовски и Халанд, a стана и најефикасен Африканец во ЛШ

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Серху Гираси драстично си ја зголеми вредноста на трансфер пазарот со своите изданија во Лигата на шампионите оваа сезона.

По хет-трикот против Барселона, тој е прв стрелец во елитното натпреварување со 13 гола, пред Рафиња кој има 12 и Левандовски 11. Но, напаѓачот од Гвинеја синоќа собори и неколку рекорди во Лигата на шампионите.

Тој сега е најефикасен фудбалер на Борусија Дортмунд во една сезона во ЛШ, надминнувајќи го досегашниот рекорд кој го држеа Роберт Левандовски и Ерлинг Халанд, а кој изнесуваше 10 погодоци. Освен тоа, 13. гола на Гираси се најмногу на еден африкански фудбалер во Лигата на шампионите, биланс со каков не можат да се пофалат ни легенди како Ето, Дрогба, Салах итн.

На крајот, Гираси е прв африкански фудбалер кој успеал да постигне хет-трик против Барселона, сметајќи ги сите натпреварувања.

ФОТО: EPA PHOTO