
Пресврт во Ливерпул: Салах пред продолжување на договорот
Понудата од Арабија изнесувала 200 милиони евра по сезона, но Салах нема желба да игра „аматерски“ фудбал, туку му се допаѓа идејата да остане во еден од најславните европски клубови. Во Ливерпул во моментов заработува по 21 милион евра годишно, платата сигурно ќе му биде зголемена, но не толку колку што сака, што, сепак, нема да го премисли од идејата да остане на Енфилд.
Од Ливерпул претстојното лето многу веројатно ќе си замине Трент Александер Арнолд за кого е заинтересиран Реал, додека се уште се во тек преговори со Вирџил ван Дајк.