
Грилиш не поминал добро во дербито - добил шлаканица од навивач!
Навивачите на Манчестер јунајтед во текот на натпреварот го навредуваа Фил Фоден, но и неговата мајка поради што и Пеп Гвардиола јавно ги критикуваше.
Но, „Дејли Мејл“ сега открива дополнителни детали во кои тврди дека по натпреварот навивач на Манчестер јунајтед имал близок контакт со Џек Грилиш.
Наводно, 20-годишниот навивач се доближил до Грилиш и на англискиот фудбалер му удрил шлаканица. Навивачот набрзо бил приведен од полицијата и обвинет за напад.
Инцидентот како што се наведува се случил на излезот од теренот на крајот од тунелот. Навивачот успеал да дојде до ѕвездата на „граѓаните“ бидејќи бил во првите редови од трибините.
Поради обвинувањето тој ќе треба да се појави и пред судот каде што ќе одговара за физички напад.
Фото: EPA PHOTO