
Историски гол: Овечкин го урна рекордот на Грецки (ВИДЕО)
Хокеарот на Вашингтон Капоталс го постигна својот 895. гол во НХЛ со што го собори рекордот на канадскиот хокеар, Вејн Грецки.
Вашингтон загуби од Њујорк Ајлендерс со 4-1, но единствениот гол во овој пораз е историски.
Интересно, Овечкин го собори рекордот на Грецки со ист број на одиграни натпревари, 1487.
Колку е важен овој рекорд во НХЛ, може да се види на видеото, кога Овечкин го даде голот, неговите соиграчи прославија со него како да освоиле титула.