Ѓоковиќ потсети на најдобрите денови и победи во Мајами! (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во третата рунда на мастерсот во Мајами откако вечерва го совлада Ринки Хуџикато во два сета 2-0 (6-0, 7-6).

Сезонава немавме многу прилика да го гледаме Новак како доминира, но денеска во првиот сет потсети на најдобрите денови и не му дозволи на противникот да освои ниту гем.

Во вториот сет кој донесе поголема борба видовме и поголема храброст од Ѓоковиќ со излегување на мрежа, брејкови немаше, а кога беше најпотребно српскиот тенисер го покажа своето искуство.