
Денвер прегазен без Јокиќ, брутална партија на синот на легенда на Ц. Звезда (ВИДЕО)
Најзаслужен за победата на Портланд беше Дени Авдија со 36 поени, кој е син на поранешна легенда на Црвена Звезда, Зуфер Авдија, додека значајна поддршка му пружија Шејдон Шарп со 23 и Далано Бентон со 19 поени. Од друга страна, во редовите на Денвер, најефикасен беше Ерон Гордон со 23 поени, додека Расел Вестбрук и Мајкл Портер Џуниор постигнаа 18, односно 17 поени. Додатен проблем за Нагетси беше слабата игра на Џамал Мареј, кој постигна само 10 поени.
Иако Денвер без Јокиќ во претходните натпревари успеа да го победи Голден Стејт, поразите од Лејкерс и сега од Портланд покажуваат колку тимот зависи од својот МВП. Добра вест за навивачите е што Јокиќ ја санираше повредата на лактот, но проблемот со скочниот зглоб сè уште го држи надвор од теренот, па неговото враќање останува неизвесно.
Натпреварот против Портланд започна ветувачки за Нагетси, кои имаа блага предност во првото полувреме. Сепак, падот на енергијата во вториот дел, особено кај Вестбрук, доведе до целосен пресврт. Домаќините со серија од 13-0 во последната четвртина обезбедија недостижна предност од плус 22 четири минути пред крајот. Нагетси во завршната четвртина примија дури 40 поени, што ја истакна нивната немоќ без Јокиќ. Во следното коло ги очекува уште потежок предизвик против силниот Хјустон, а неизвесноста околу враќањето на Јокиќ дополнително ја усложнува ситуацијата.
Лидерот во Источната конференција, пак, екипата на Кливленд кавалирс го забележа и четвртиот пораз во низа откако загуби на гостувањето кај Феникс санс (112-123). Во останатите мечеви од синоќешната НБА понуда: Вашингтон – Орландо 105-120, Сан Антонио – Филаделфија 128-120, Оклахома – Шарлот 141-106, Минесота – Њу Орлеанс 134-93, Мајами – Хјустон 98-102, Далас – Детроит 123-117, Јута – Бостон 99-121 и ЛА Клиперс – Мемфис 128-108.