
Даде гол во 94. минута, ги прескокна рекламите и му се фрли на Анри! (ВИДЕО)
Се чинеше дека мечот ќе заврши 0-0 и натпреварот ќе отиде во продолжение, но тогаш Вотермен даде гол и донесе победа на Панама над САД од 1-0 за пласман во финалето од КОНКАКАФ Лигата на нации.
При прославата Вотермен ги прескокна рекламите и се качи во отвореното студио каде што седеше Анри и со него го прослави голот, го следеа и неговите соиграчи од репрезентацијата.
По мечот стрелецот повторно отиде кај Анри, му го даде дресот и му рече дека тој бил негов идол. Французинот му вети дека ќе му испрати дрес од Арсенал.
Панама во финалето ќе игра против Мексико кој со 2-0 ја совлада Канада во втората полуфинална пресметка.