
Џабе патот: Тенисер помина 1.455 километри, а на крај остана без настап во Мајами
Имено, Лестиен кој 191. тенисер на АТП листата минатата недела настапи на турнир во Домениканска Република и беше елиминиран во четвртфиналето, а веднаш потоа се упати за Мајами.
Лестиен очигледно бил сигурен дека ќе добие покана за квалификациите на турнирот, но тоа на крајот не се случи.
Така тој помина цели 1.455 километри буквално бадијала. Инаку, станува збор за тенисер кој е професионалец од 2012 година и во кариерата заработи над два милиони долари.
Турнирот во Мајами започнува утре и ќе се игра до 30 март.