Димитријевиќ по една сезона ја напушта Олимпија Милано!?

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ пристигна како засилување за Олимпија Милано минатото лето по одличните настапи за Уникс Казан, меѓутоа една година подоцна би можел да замине од клубот.

Новинарот Андреа Калцони објави дека Димитријевиќ би можел да го напушти тимот од Евролигата затоа што Олимпија Милано сака да го ангажира Квин Елис од Тренто.

Димитријевиќ на 25 меча во Евролигата има просек од 7,9 поени, додека во италијанскиот шампионат одигра 13 натпревари и има просек од 8,5 поени.

Македонскиот кошаркар претходно во кариерата играше за Уникс Казан, Валенсија и Ховентут Бадалона.