„Денвер е еден од најлошите тимови во лигата поради Јокиќ“ (ФОТО)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ доби критики од страна на аналитичарите, иако во моментов се бори за МВП-наградата во НБА-лигата.

Аналитичарот Том Хаберстох преку социјалните мрежи го нападна Јокиќ, и тоа во моменти кога српскиот кошаркар е повреден.

„Јокиќ дозволи најмногу примени кошеви на обрач во НБА-лигата, така покажува технологијата која ги следи индивидуалните резултати на кошаркарите. Тоа е една од причините поради кои Денвер е на 22. место по дефанзивен рејтинг во лигата“, објави Том.