
Сити веќе нашол замена за Гвардиола – негов сонародник и легенда на Арсенал!
Поранешниот шпански фудбалер, кој од оваа сезона е тренер на италијански Комо, клубот во кој ја заврши кариерата и каде е еден од сопствениците, сè повеќе се споменува како потенцијален заменик на актуелниот менаџер на „граѓаните“.
Според шпанските медиуми, не би било изненадување ако до крајот на сезоната дојде до прекин на соработката помеѓу Манчестер Сити и Гвардиола, а управата на клубот сериозно размислува да му понуди на неговиот сонародник да ја преземе тренерската позиција.
Фабрегас, кој има значително искуство во англискиот фудбал, каде како играч помина 13 сезони и освои две титули, се смета за идеален кандидат за водство на „граѓаните“, имајќи го предвид неговото познавање на англиската лига и неговиот успех како тренер.