
КФМ го одложи колото за следниот викенд – ќе играат само тие што не играа!
Овие натпревари се пролонгирани за една недела, додека од понеделник до следната среда ќе бидат одиграни одложени средби помеѓу Работнички и Куманово односно помеѓу Вардар и Тиквеш, кои требаше да се играат на денот кога се случи големата трагедија. Дали пропуштениот термин дополнително ќе биде надополнет со вонредно коло е одлука која комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ.
Ова одложување и начинот на одигрување на средбите кои не се играа во неделата ќе важи и за сите останати сениорски лиги како и на мечевите од сите младински категории.