Ван Дајк добил понуда на која не може да ѝ парира ниту Ливерпул

Ливерпул во летниот преоден рок би можел да остане без услугите на капитенот Вирџил Ван Дајк, чиј договор завршува на 30 јуни, а воедно искусниот дефанзивец добил примамлива понуда од ПСЖ.

Ван Дајк веќе имал контакт со раководството на парижаните, а наводно клубот од „Паркот на принцовите“ му нуди договор вреден 40 милиони евра, кој со бонуси би можел да достигне и до 50 милиони евра.

Холанѓанецот во таков случај би потпишал соработка до јуни 2026 година, односно договорот би можел да биде продолжен за уште една година.

Дефанзивецот беше забележан по мечот меѓу Ливерпул и ПСЖ во Лигата на шампиони (ЛШ) како разговара со првиот човек на парижаните, Насер Ал-Келаифи и директорот Луис Кампос.