
Меси: Тажен сум што нема да играм против Уругвај и Бразил
Меси испрати порака преку социјалните мрежи и посочи дека жали што не може да им помогне на сонародниците на теренот.
„Тажен сум што ќе ги пропуштам натпреварите против Уругвај и Бразил. Во последен момент се повредив и ќе морам да одморам. Сепак, ќе навивам како секој друг навивач. Ајде Аргентина“, напиша Меси.
Аргентина е прва во квалификациите со 25 бодови, по што следи Уругвај со 20, Еквадор и Колумбија имаат по 19, а Бразил е петти со 18 поени.