
Навивачи на Лејкерс бараат жестока казна за Јокиќ!
Навивачите на Лејкерс сметаат дека Денвер намерно бира одредени натпревари за да ги одмори своите главни ѕвезди за подобро да се подготват за мечот против тимот од Лос Анџелес.
Многумина од нив на социјалните мрежи побараа казна поради стратегијата на Денвер, односно казна за Јокиќ.
„Не треба да се поведе само истрага против Денвер ако сите кошаркари магично се вратат против Лејкерс, туку треба да им се одземат пиковите, а Јокиќ да биде исфрлен од МВП-трката“, порачаа навивачите.