
Лејкерс врзаа две победи, Дончиќ на чекор од трипл-дабл, Денвер може и без Јокиќ (ВИДЕО)
Како и против Феникс, Лејкерс си ја олеснија работата со доброто отворање на натпреварот и по првата четвртина имаа водство со 32-22, а таа предност успеаа да ја задржат и до крајот на средбата.
Лука Дончиќ натпреварот го заврши со 21 поен, 14 асистенции и девет скокови, додека од игра шутираше катастрофални 5/20. Речиси половина од поените ги постигна од слободни фрлања бидејќи имаше 10/13. Во редовите на Спарси се истакна Стефон Кастл со 23 поени.
Одличен натпревар одиграа Минесота и Индијана, а по продолженија славеа Пејерс со 132-130. Победата над две секунди пред крајот им ја обезбеди Оби Топин кој беше и прво име на натпреварот со 34 поени и 10 скокови.
Денвер и без Никола Јокиќ кој не настапи поради повреда на лактот славеше над Голден Стeјт со 114:105..
НБА РЕЗУЛТАТИ: Њујорк - Мајами 116-105, Хјустон - Филаделфија 144-137, Минесота - Индијана 130-132, Њу Орленс - Детроит 81-127, Јута- Чикаго 97-111, Голден Стејт - Денвер 105-114, Феникс - Торонто 129-89, Портланд - Вашингтон 112-97, Сакраменто - Мемфис 132-122, Лејкерс - Сан Антонио 125-109.